Следната недела ќе почне издавањето на ковид сертификати за патување

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави.

– Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР тест и евентуално за антитела, па кој било од трите параметри, за да може патникот да ги има со себе ако се патува во која било европска земја, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што објавија француските медиуми повикувајќи се на европски извори, претставници на 27. земји членки на ЕУ денеска се согласиле да дозволат влез во Унијата за патници од трети земји кои ги примиле потребните дози на антивирусните вакцини одобрени во ЕУ.

Во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите членки. ЕУ, меѓутоа, се обидува да ги координира мерките на нејзините надворешни граници заради нивните последици за слободно движење во Унијата. ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март 2020 година за сите незадолжителни патувања и од јуни воведе и ограничен список, што редовно се преразгледува, за трети земји чии државјани, вакцинирани или невакцинирани, можат да влезат во ЕУ. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе