Словенија следната недела ќе го преземе претседавањето со Советот на ЕУ

Словенија ќе го преземе од Португалија ротирачкото претседавање со Советот на Европската Унија следната недела, по вторпат откако стана членка на Унијата.

Португалија го завршува своето претседателство на последниот ден од јуни, а Словенија ја презема палката на 1 јули, потсетува Хина. По тој повод, комесарите на Европската комисија, предводени од претседателката Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе пристигнат во Словенија. Вообичаена пракса е Комисијата да ја посети земјата што го има Претседателството на почетокот на секое претседателство. Тогаш, Комисијата на словенечката Влада ќе и врачи позитивна оценка на словенечкиот национален план за закрепнување и отпорност.

Ова е второ претседателство на Словенија, која стана членка на Унијата во 2004 година. Таа првпат претседаваше во првата половина на 2008 година, само три и пол години по пристапувањето во ЕУ и беше прва меѓу новите членки што го презеде претседателството. И тогаш и сега, Јанез Јанша е шеф на словенечката Влада. Првото словенечко претседателство беше во различни околности. Во тоа време, улогата на земјата претседавач беше повидлива и поважна отколку по влегувањето во сила на Лисабонскиот договор на 1 декември 2009 година, посочува Хина. Во тоа време, со самитите на Европската Унија претседаваше и ги подготвуваше шефот на земјата-претседавач,а денес ова е во описот на работното место на претседателот на Европскиот совет. Истото важи и за Советот за општи работи, со кој претседава високиот претставник за надворешна политика и безбедност, а не министерот за надворешни работи на земјата-претседавач.

Словенија ќе претседава со Советот на Европската Унија под слоганот „Заедно. Отпорна. Европа”. Со овој слоган, објаснуваат во словенечката влада, сакаат да испратат три одделни и суштински поврзани пораки дека клучот за зајакнување на отпорноста на Унијата, што ефикасно ќе се соочи со предизвиците, е меѓусебната поврзаност, соработка и солидарност.

Програмата за претседателствувањето на Словенија се заснова на четири приоритети – закрепнување и зајакнување на отпорноста на Европа, размислување за иднината на Европа, зајакнување на владеењето на правото и европските вредности и безбедноста и стабилноста во европското соседство.

Во октомври оваа година, Словенија ќе организира самит на лидерите на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Поради пандемијата на коронавирус, последните две претседателства, германското и португалското, не организираа традиционална посета на група дописници од Брисел. Сега епидемиолошката состојба во Европа е многу поповолна и словенечката влада одлучи да ја организира таа посета во средината на следната недела.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе