Случајот „Плацови на Водно“ продолжува со сослушување на сведоци

Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска продолжи со искази на сведоци предложени од обвинителството.

Актуелно во Кривичниот суд Скопје, се сослушува сведокот Менка Макаревска, која во својство на адвокат ја објаснува процедурата на регистрација на фирмата „Сирах Инжинеринг“’, која според обвинението се јавува како купувач на плацовите на Водно.

– Како адвокат работам на граѓанска материја, стопанско право. Фирмата „Сирах Инженеринг“ е основана во 2012 година. Во врска со основање на фирмата, адвокатот Серјожа Марков ме престави кај Александар Ивановски-Алек. Фирмата ќе се основаше со странски капитал. Ова фирма ќе се занимаваше со градежништво, кажа сведокот Макаревска.

Воедно, денеска свое сведочење во овој предмет треба да даде и Миле Јанакиевски, поранешен министер за транспорт и врски

Овок случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Read more

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more
 

Вести

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Читај повеќе

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе