Случајот со родилката во рацете на Меџити, мерки за ГАК

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денес на барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката што скокна од прозорец  на скопска Гинекологија.

„Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката“, велат од Министерството за здравство.

По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

Исто така, како што се нагласува, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на инспекторатот.

ДСЗИ претходно констатираше дека ГАК направиле пропуст оти докрај не ѝ обезбедиле психијатар на родилката што скокна од прозорец.

„Од извршениот надзор во ЈЗУ УК ГАК констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани. Во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ЈЗУ УК ГАК спроведување на постапка за утврдување на одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ГАК реагираше по извештајот на инспекторатот, тврдејќи дека проценката од стручното лице во случајот со родилката била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе