Смртна казна доби јапонскиот Twitter убиец

Судот во Токио го осуди серискиот убиец, познат како Twitter убиец, на смртна казна. Жртвите ги бирал на социјалните мрежи, а целел кон девојки кои размислувале за самоубиство.

Такахиро Шираиши, 30-годишен, доби пресуда дека е виновен за серијата убиства извршени во временски интервал од три месеци во 2017 година. Судот пресуди дека обвинетиот бил ментално здрав и тотално свесен што порави и со тоа одговорен за злоделата. Поради тоа, тој синоќа доби смртна казна.

Twitter убиецот уби деветмина од август до октомври 2017 година. Таргетирал тинејџери и млади лица кои биле депресивни, со нарушено психичко здравје. Преку Twitter им ветувал помош со тоа што ќе им помогнел да умрат бидејќи повеќето со самоубиствени мисли немаат храброст да го направат фаталниот чекор.

Неговите жртви ги намамувал во својот стан во Зама во префектурата Канагава. Им давал алкохол и апчиња за спиење, а откако ќе се онесвестеле ги давел или бесел до смрт. Потоа нивните тела ги распарчувал, а некои од деловите ги чувал како трофеи, други ги фрлал.

Жртвите на Шираиши биле на возраст од 15 до 26 години, а 8 биле жени, додека само еден маж. Признал дека мотивот му бил сексуално да ги злоставува девојките. Единствениот убиен маж бил дечко на една од девојките кој дошол во неговиот стан да го истражува нејзиното исчезнување.

За време на судењето Шираиши изјави дека нема да ја обжали пресудата доколку таа гласи смртна казна.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе