Сноуден негира дека на американската Влада ќе ѝ даде 5 милиони долари

Едвард Сноуден, поранешен член на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), негираше дека се согласил на американската влада да ѝ даде 5 милиони долари што ги заработил од продажбата на неговата автобиографија и говори ширум светот.

Тој на својот профил на Twitter напиша дека CNN погрешно ја интерпретирал информацијата и оти подобар наслов на текстот би бил „САД би можеле да заработат до 5 милиони долари со помилување на Сноуден“.

– Под А, тоа не е договор, јас не се согласив со тоа. Под Б, пресудата во овој случај на цензура не може да се спроведе додека сум во егзил, но ионака никогаш не сум имал толку пари, напиша Сноуден.

URL

CNN вчера јави дека, според договорот меѓу Сноуден и администрацијата на Трамп, парите ќе бидат депонирани во посебен фонд.

Минатата година Сноуден ја објави книгата „Permanent Record“ (Трајно досие) и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и НСА.

Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем за масовно следење.

Сноуден, кој моментално живее во Русија, заработи 4,2 милиони долари од продажбата на книгата и авторските права.

Неговите говори, кои досега се повеќе од педесет, чинат во просек околу 18.000 американски долари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе