Со 50 до 100% повисоки комуналии ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021

Подготвен е нов Предлог-закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, ….како и згради, доградби и надградби на згради, времени во помошни објекти.

Ресорниот министер Благој Бочварски денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За објект со површина до 80 квадратни метри висината на надоместот се зголемува за 50%, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 m² се зголемува за 100%. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат предвид само сметките за јавни услуги. Од надомест за легализација ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход.

– Ова е нов закон, различен од претходниот за кој јавноста реагираше и веднаш морам да потенцирам дека при креирање на овој закон земени се во предвид речиси сите предлози  на граѓанските здруженија, коморите, асоцијациите и сите засегнати страни. Исто така законот го усогласивме и со другите државни институции и сметаме дека креиравме квалитетно законско решение со кое ќе се обидеме да ставиме крај на изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот. Од друга страна, со законот нудиме и фер услови за сите оние граѓани кои претходно немале можност да ги легализираат своите домови, рече на прес-конференција Бочварски.

Со законот, како што информираше денеска ресорниот министер Бочварски, се очекува да се заокружи процесот на легализација на бесправни објекти во државата.

Бочварски соопшти дека нема да може да се легализираат бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, изградени во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, изградени во подрачје во кое се врши или е планирана експлоатација на минерални суровини. Исто така, нема да се легализираат и дивоградби изградени во заштитни зони на аеродроми, изградени во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, изградени на сообраќајници и на подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, изградени во заштитен појас на државни и локални патишта и во заштитен појас на железничка инфраструктура, изградени на земјиште за кое во Катастарот на недвижности е запишано право на хипотека.  Не може да се легализираат ниту згради како и доградби и надградби на зградите со намена А2, како и сите видови на времени објекти (базени, гаражи), сите видови на урбана опрема и помошни објекти кои се во функција на друг објект.

Еден барател ќе може да легализира само еден објект. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат предвид само сметките за јавни услуги. И со ова, потенцираше Бочварски, не дозволуваме можни злоупотреби со изјавата на нотар, нешто што беше случај во претходниот закон.

– Во однос на надоместот за легализација е предвиден скалест начин на пресметување. За објект со површина до 80 m² висината на надоместокот се зголемува за 50%, како казна за бесправното градење, а за објект со површина над 80 m² надоместот се зголемува за 100%. Надоместот за легализација на електронски комуникациски мрежи ќе изнесува по 10 евра од метар изградена површина, рече Бочварски.

Тој информираше дека го зголемуваат опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект. Со тоа, посочи, излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории граѓани ќе бидат ослободени од надоместот за легализација.

– Овој Закон е исклучително важен за решавање на правниот статус на голем број на инфраструктурни проекти низ државата, електронски комуникациски мрежи и кабелска канализација, преку поедноставена постапка која што ќе ја води Агенцијата за катастар на недвижности, потенцираше Бочварски.

Рокот за поднесување на барањето за легализација е шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

Бочварски најави дека Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието и оти секој квалитетен предлог ќе биде анализиран и доколку постои можност ќе биде вметнат во законското решение.

– Нашата цел е да донесеме функционален закон со кој ќе го заокружиме процесот на бесправното градење во државата, истакна Бочварски.

Нема легализација на дивоградбите во зоните на строга заштита и активно управување

На денешната прес-конференција беше присутен и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

– Истото е предвидено за сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион, кои се утврдени дека не се во согласност со Планот за управување со светското и културно наследство во регионот на Охрид. Ова подрачје има непроценлива природна, културна и универзална вредност и во него ќе може да се спроведе легализација само на објектите што се во Планот за управување, додаде Нуредини.

Во однос на природно заштитното подрачје, министерот посочи дека нема никаква легализација во зоната на строга заштита и зоната на активно управување.

– Ова значи дека ќе се дозволи само на оние објекти што се со намена А1, односно куќи за домување во зоната за одржливо користење и заштитниот појас на подрачјето. На овој начин ќе излеземе во пресрет на граѓаните кои не можеле да ги регулираат своите нерешени имотно правни односи, вели тој.

Во вториот дел од обраќањето министерот Нуредини говореше за Законот за инспекциски надзор во животната средина, што е по барање на Европската Унија и е споменат во последните извештаи.

– Ова беше побарано од нас како Министерство, да пристапиме и да подготвиме Предлог-закон за инспекциски надзор на животната средина во согласност со сите институции во државата. Овој Предлог-закон е во согласност со Европскиот парламент, Советот и ги исполнува минималните критериуми за животна средина. Идејата е да се усогласат Државниот инспекторат заедно со локалните инспекторати и да функционира инспекцијата во нашата држава, појасни Нуредини.

Тој додаде дека со овој Закон ќе се обезбеди повеќе годишно планирање, ќе се обезбеди надминување на актуелните предизвици во однос на човечките капацитети и од друга страна ќе се испочитуваат процедурите кои се ургентни. Министерот истакна дека овој закон ќе им овозможи на инспекторите да постапуваат не само според тоа што е во програмите, туку ќе можат да вршат контроли и надвор од работното време.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе