На социјалните мрежи кружи видео за кое се тврди дека е снимено некаде на брегот на Мртвото Море, на кое се гледа дел од балистичка ракета која наводно била користена во нападот на Иран врз Израел.
Она што е импресивно е огромната големина на делот од ракетата кој, како што може да се види на видеото, морало да биде изваден од морето со пикап.
Извори на иранските медиуми тврдат дека проектилот кој паднал во Мртвото Море е иранска балистичка ракета од типот Emad. Досегот ѝ е 1.700 км. Носи боева глава од 750 килограми, а дометот на точноста ѝ е 50 метри.
Како што може да се види на видеото, балистичката боева глава ја нема.