Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на Северен поток

Се зголемија сомнежите за саботажа на оштетените гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичко Море, по истрагата на посоченото место во шведската ексклузивна економска зона, пренесоа дел од светските медиуми, повикувајќи се на државната полиција.

Шведските и данските власти ги истражуваат протекувањата од руските цевки на четири места, откриени минатата недела во ексклузивните економски зони на двете земји.

„Имаше детонации близу Северен поток 1 и 2, внатре во шведската економска зона, резултатот е голема штета на гасоводите“, тврди шведската полиција.

Се наведува дека дел материјали се запленети од местото и ќе се анализираат.

„Понатамошната истрага ќе покаже дали ќе може да се осомничи некого, а подоцна и да се гони кривично за ова злосторство“, се истакнува во соопштеното.

Портпаролот на Кремљ денес изјави дека не мисли оти истрагата може да биде објективна без учество на Русија, откако земјата не била повикана да учествува.

Данската полиција одби да ја коментира истрагата во данската ексклузивна економска зона. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе