Собни растенија што може да бидат многу опасни за домашните миленици

За некои домашни миленици, особено мачки и кучиња, одредени собни растенија можат да предизвикаат здравствени проблеми.

Ова е листа на собни растенија што треба да се чуваат подалеку од домашните миленици.

1. Филодендрон

Филодендрон е едно од најпопуларните украсни собни растенија. Сепак, треба да се напомене дека неговите големи лисја не се јадат и ако домашните миленици ги гризнат може да се предизвика иритација на усната шуплина и јазикот, но и проблеми со голтање, прекумерно лачење плунка и повраќање.

2. Алое вера

Иако ова растение има чудесна моќ кога станува збор за здравјето и нега на човечката кожа, тоа може да создаде голем број проблеми кај домашните миленици - од повраќање, дијареја и треска до депресија кај мачки и кучиња.

3. Цикас палма

Цикас или „лажна палма“ е популарно собно растение чии листови може да предизвикаат сериозни проблеми за вашето куче или мачка. Ако го гризнат ова растение може да се јави повраќање, крварење во стомакот, проблеми со крвта, откажување на црниот дроб, но и фатален исход, па затоа треба да се чува подалеку од домашните миленици.

4. Лилјани

Долгоцветните лилјани и ориенталните хибриди на лилјани може да предизвикаат откажување на бубрезите кај мачките, но не и кај кучињата. Всушност, поленот од лилјан може да биде опасен по живот за мачките.

реклама

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе