Собранието ги ратификуваше протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО

Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и 2 „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. Македонскиот Парламент прв пат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2020 година.

За ратификацијата на протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО гласаа пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Двата гласа „против“ беа на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

На денешната седница во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

По Самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули 2022 претставниците на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Шведска и на Финска во Пактот.

Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската агресија врз Украина.

На дневен ред на 82. собраниска седница се и измените на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба и на Законот за извршители, трите по скратена постапка. Потребата за донесување на овие закони ја образложи министерот за правда Тупанчевски. На дневен ред на оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за вино, прво читање и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

На предлог на пратеничката Рина Ајдари од ДУИ со 92 гласа „за“ беше изгласано Законот за основање на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје да биде ставен на дневен ред на оваа седница, а на предлог на пратеничката Марија Георгиевска и одлуката за именување на членови на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе