Собранието ѝ изгласа доверба на Владата

Собранието попладнево ѝ изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратенциите усно го побара премиерот Зоран Заев.

За доверба на Владата гласаа 62 пратеника, а ниту еден од присутните не беше против.

Гласањето за доверба беше без претходна расправа. Според собранискиот деловник, во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува премиерот усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа.

Премиерот Заев пред гласањето истакна дека побарал пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, по прв пат на ваков начин во парламентарната историја во земјава, за да се разјаснат некои работи што во јавноста ги наметна опозицијата околу владејачкото мнозинство во Собранието.

– Ја преземам одгвоорноста да се соочиме и да расчистиме. Да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа Влада. Ова е моментот да покажеме пред граѓаните колку има вистина од опозицијата, да видиме за што станува збор, стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опозиција, рече Заев пред пратениците.

Нагласи оти нема да дозволат неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.

– Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата, заклучи Заев.

Тој ја обвини опозицијата за блокади и опструкции на државата и за пласирање лаги за теснопартиски интереси и за создавање несигурност кај граѓаните.

– Нема да дозволиме несигурност, неизвесност, сопки, блокади и опструкции, нагласи Заев

Опозицијата не присуствуваше на седницата за време на гласањето за доверба на Владата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пред напуштањето на седницата го обвини парламентарното мнозинство дека нема храброст да дозволи три дена расправа за, како што посочи, да ги кажат сите аномалии на Владата.

Одлуката за изгласување недоверба на Владата, според Утсваот и собранискиот деловник, се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, должна е да поднесе оставка.

Ако, пак, добие поддршка во Собранието, повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе