Сојузот на средношколци идниот понеделник со протест ќе бара комбинирана настава

Скопје,  24 август 2020 (МИА) – Сојузот на средношколци информира дека за понеделник, 31 август, го одложува протестот што го најави за петок затоа што 28 август е неработен ден за верскиот празник Голема Богородица.

Протестот ќе биде против одлуката за целосно онлајн-настава. Сојузот се залага за комбиниран модел и каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Според најавата, протестот ќе почне пред Министерството за образование и наука и ќе заврши пред Владата.

– Ги покануваме наставниците и родителите кои се залагаат за ваков децентрализиран пристап, наместо едно решение за сите групи, да ни се придружат, повика Сојузот на средношколци.

Делегација на Сојузот во петокот беше на средба во Владата, на која присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министрите за образование и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче, на која, како што беше соопштено од владината прес-служба, претставниците биле запознати во детали со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на COVID-19 и дека таа е донесена врз основа на стручни анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

На средбата било истакнато дека моделот за комбинирано организирање на наставата онлајн со алатки за интернет-комуникација и со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение во основното образование и со одредени други исклучоци каде што тоа е безбедно од здравствен аспект е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците.

Од Владата информираа дека била прифатена сугестијата на претставниците на Сојузот за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците и дека министерот за здравство Филипче ги поканил да присуствуваат на состанок на Комисија за заразни болести на кој детално ќе се запознаат со состојбата со COVID-19, но и за мерките за заштита од заразата кои се во интерес на заштитата на јавното здравје. 

Тагови
реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе