Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36°C. UV индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34°C, информираат од УХМР.
Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35°C.