Сопругата на Навални: Ослабен е и тешко зборува

Критичарот на Кремљ и лидер на руската опозиција, Алексеј Навални, кој моментално штрајкува со глад, сè потешко зборува и е значително ослабен, објави неговата сопруга на социјалните мрежи вчера, откако го посети во затвор.

44-годишниот Навални, истакнат противник на рускиот претседател Владимир Путин, најави штрајк со глад кон крајот на март, протестирајќи против затворската управа која одбива да го лекува од акутни болки во грбот и нозете.

Во објава на Instagram, Јулија Навални ја опиша неговата состојба откако разговараше со него преку телефон преку стаклена бариера.

„Сè уште е весел и оптимист. Но, зборува со тешкотии и понекогаш го закачува телефонот и се потпира на масата за да се одмори. Многу е ослабен, сега има околу 76 килограми на 190 сантиметри висина.“

Тоа значи дека Навални е ослабен 16 килограми откако минатиот месец пристигна во затворот во град лоциран на околу 100 километри источно од Москва.

„Сè уште не дозволуваат лекар да го прегледа“, додаде неговата сопруга.

Западните земји тврдат дека Навални бил неправедно притворен и дека треба да биде ослободен. Тој се врати од Германија во Русија во јануари откако се опорави од труење со нервен агенс.

Во февруари, тој беше притворен на две и пол години за кршење на условна казна, која ја прогласи за политички мотивирана. Во меѓувреме, Русија вели дека сè уште чека докази дали бил отруен на нејзина територија.

Администрацијата во затворот тврди дека му понудиле лекување, но тој одбил, пренесува Reuters. Навални беше префрлен во затворска клиника на почетокот на овој месец поради висока температура и кашлица.

Руската затворска служба вчера објави дека одбор на лекари го оценил неговото здравје како задоволително, па затоа тој бил вратен од клиниката во главниот дел од затворот на 9 април.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе