Состојбата на Џафери стабилна, конститутивната седница ќе биде закажана во уставниот рок

Здравствeната состојба на претседателот на парламентот, Талат Џафери е стабилна и тој одмора по препорака на лекарите, информираат денеска од неговиот Кабинет.

– Здравствената состојба на претседателот на Собранието Талат Џафери е стабилна. Со оглед на интензивните активности што ги имаше во текот на изборната кампања по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување, посочуваат од кабинетот на Џафери.

Воедно, наведуваат дека неколку пати бил тестиран и е негативен на COVID-19.

Од Кабинетот засега не потврдуваат дали Џафери ќе оди во Крушево за прославата по повод Илинден како што претходно беше најавено, ниту кога ќе ја закаже конститутивната седница на новиот собраниски состав, но укажуваат дека сè ќе биде направено согласно роковите од Уставот и собранискиот Деловник.

Талат Џафери минатата недела беше хоспитализиран на Инфективната клиника заради системска контрола.

Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август. Ако не биде во можност тоа да го стори, таа улога му припаѓа на најстариот пратеник во новиот собраниски состав.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе