Совети за подобро спиење во летните горештини

Најдобрата опција за убаво спиење во лето е да се спие на природни материјали.

За спиење без потење клучен е изборот на постленината. Многумина, за жал, кога ја купуваат, многу повеќе внимание обрнуваат на изгледот и цената, додека составот на материјалот им е малку важен. Таквиот пристап е многу погрешен. Природниот материјал е императив, бидејќи сепак во кревет поминуваме третина од нашиот живот и многу е важно на што спиеме.

Ова е уште поважно во лето, кога е топло и кога засилено се потиме. Бактериите многу брзо се размножуваат во неиспрана постелнина, а се хранат со мртва кожа која секоја ноќ се насобира на постелнината. Покрај тоа, потта која ја произведува телото сето тоа дополнително го забрзува. Токму затоа оние што патат од алергија на грини, астма или егзема треба особено да водат грижа за хигиената на местата на кои спијат, како и жените во менопауза и сите оние што ноќе повеќе се потат.

1. Материјалите што ја апсорбираат потта, како на пример памукот, се многу подобар избор од синтетичките влакна, кои дополнително го поттикнуваат загревањето на телото. Во лето многу е добра и постелнината направена од комбинација на памук и лен. Да, тие се малку потешки за пеглање, но барем не треба да се грижите за ноќното потење. Ако досега ова не сте го знаеле, за постелнина бирајте ткаенини со поголем број на конци. Колку е поголем нивниот број, толку е пофина и помазна ткаенината.

2. Експертите препорачуваат постелнината да ја менувате барем еднаш неделно, а во лето тоа да се прави почесто - на секои три дена.

3. Сопствениците на домашни миленичиња би требало почесто да менуваат постелнина бидејќи на неа многу често спијат или одмараат нивните крзнени пријателчиња.

4. Доколку имате дете, добро би било да го убедите на некое време да се одвои од омиленото мече (или друга слична играчка) бидејќи и полнетите играчки кога се во креветот собираат бактерии и други микроорганизми од кои треба да се ослободите преку машината за перење алишта. Ова треба да го правите барем еднаш месечно.

5. Постелнината никогаш не перете ја на температура пониска од 60 степени. Кога перете на пониска температура ја отстранувате прашината, но грините преживуваат, а од такво перење немате никаква корист.

6. Што се однесува до перниците, за летните месеци се препорачува да се користат перници што може да се перат во машина. При купувањето нова перница задолжително обрнете внимание на тоа дали на етикетата од перницата пшишува дека може да се пере во машина. Потоа, експертите советуваат на перницата да ставите по две обвивки постелнина наместо една, бидејќи на тој начин потта потешко ќе стигне до самата перница.

7. Повремено усисувајте го душекот, а на крајот на летото длабински исперете го. Постојат фирми што нудат такви услуги и не се прескапи. Дотогаш редовно поминувајте го со правосмукалката, а над душекот обавезно ставајте заштитна навлака пред да постелите постелнина.

8. Овој совет веројано најмногу ќе ви се допадне - избегнувајте да го местите креветот веднаш штом станете наутро. Имено, за време на ноќта, додека спиеме и додека се потиме, креветот ја задржува оваа влага и топлина, па наутро му е потребно време за да се исуши и почне да „дише“.

Никако не користете омекнувач

Експертите за перење алишта велат дека омекнувачот никако не би требало да се употребува за време на летните месеци. Тој спречува ткаенината да впива влага, па така нашите пижами, како и постелнината во која спиеме, кога е топло нема да можат да ја впијат потта и поради тоа ќе се разбудите мокри. Бидејќи во лето постелнината почесто се пере, во овој период најдобро е да се користи прашок за нежни алишта.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе