Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косов

Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година.

Сопствениците на косовски пасоши ќе можат да влезат во ЕУ без визи или од 1 јануари 2024 година или од почетокот на функционирање на Системот на ЕУ за информации и одобрувања на патувања (ЕТИАС), доколку тоа се случи оваа година, соопшти денеска Советот на ЕУ. Пред две недели беше објавено дека почетокот на ЕТИАС, електронскиот систем за одобрување влез во ЕУ, ќе биде одложен до следната година.

Новите правила ќе им овозможат на косовските државјани да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ.

Пред новите правила да бидат потпишани и објавени во Службен весник на ЕУ, тие треба да бидат усвоени од Европскиот парламент.

Мариа Малмер Стенергард, министерка за миграција во владата на Шведска, земја која моментално претседава со ЕУ, рече дека Косово „вложи големи напори“ да го подобри управувањето со миграцијата и да се усогласи со визната политика на ЕУ и изрази надеж дека соработката меѓу ЕУ и Приштина во тие области „ќе продолжи да биде плодна“.

Врз основа на оценката дека Косово постигна значаен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визниот режим, Европската комисија предложи укинување на визите за сопствениците на косовски пасоши. Европската комисија ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на тие барања, вклучително и усогласувањето на визната политика, преку посебен механизам, посочува Советот на ЕУ.

На 30 ноември 2022 година, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија за преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседавачот со ЕУ требаше да ги започне преговорите со Европскиот парламент.

Косово долго чекаше безвизен режим за влез во ЕУ, откако Европската комисија во јули 2018 година потврди дека земјата ги исполни преостанатите два услови за визна либерализација (ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и успех во борбата против криминал и корупција), и дека на тој начин ги исполнила сите критериуми од Патоказот за визна либерализација.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе