SpaceX и НАСА го испраќаат екипажот Crew-4 на Меѓународната вселенска станица

SpaceX и НАСА се во завршна фаза на подготовка за испраќање екипаж на Меѓународната вселенска станица.

Станува збор за мисијата Crew-4, која ќе биде лансирана на 23 април, а вклучува испраќање на четворица астронаути во орбитата. Екипажот ќе биде сместен во капсула Crew Dragon поставена на врвот на ракетата Falcon 9 на SpaceX, а лансирањето ќе се врши од вселенскиот центар Кенеди од лансирната рампа 39А.

МВС ќе биде преполна бидејќи екипажите на мисиите Ax-1 и Crew-3 сè уште се во вселенската станица.

Екипажот Crew-4 на 15 април изврши седумчасовен тест за готовност и немаше поголеми проблеми и речиси е подготвен за летање. Утврдени се само помали проблеми кои наскоро ќе бидат решени.

Екипажот на Crew-4 ќе патува со новата капсула Crew Dragon наречена Freedom, направена од SpaceX. Тоа ќе биде и последната капсула за компанијата, бидејќи фокусот е префрлен на развојот на ракетата Starship, која ќе се користи за мисии на Марс.

Екипажот Crew-4 го сочинуваат Џесика Воткинс, Роберт Хајнс, Кјел Линдгрен и Саманта Кристофорети од Европската вселенска агенција.

Ова ќе биде шести пат SpaceX да испрати екипаж на МВС.

Екипажот на мисијата Ax-1 веќе требаше да се врати од МВС, но враќањето беше одложено поради лошото време. На МВС сè уште има астронаути од мисијата Crew-3 кои се враќаат на Земјата кон крајот на април.

Remote video URL
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе