SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада

На SpaceX му беше доделен договор од страна на Националната канцеларија за извидување на Министерството за одбрана за изградба на мрежа од стотици шпионски сателити во ниска орбита кои ќе можат да работат како рој и да следат цели на земјата, пренесува Reuters.

Угледната новинска агенција цитира пет извори запознаени со програмата и ги заснова своите тврдења на претходните извештаи на The Wall Street Journal, кои открија дека SpaceX потпишал договор вреден 1,8 милијарди долари уште во 2021 година.

Сателитската мрежа наречена Starshield наводно континуирано ќе собира слики од Земјата за американските разузнавачки служби и ќе користи комбинација од големи сателити за собирање податоци додека се потпира на сателити за пренос на информации.

Еден извор тврди дека никој нема да може да се скрие од Starshield. Иако нема официјална потврда за овој план, NRO за Reuters изјави дека го развива најнапредниот, разноврсен и еластичен систем за надзор и извидување на вселената што светот некогаш го видел.

Минатата есен беше објавено дека SpaceX склучил договор со американските вселенски сили за овозможување сателитски комуникации како дел од програмата Starshield.

Ова е посебен ентитет кој е одделен од Starlink, бидејќи фронтменот на SpaceX, Илон Маск, тврди дека Starlink мора да остане „цивилна мрежа“, додека Starshield е наменет за владини и национални безбедносни цели.

Тагови
реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе