Спасовски: ИП-адресите за лажните дојави водат кон Иран и Русија

Ова е еден интензивен хибриден напад што ни се случува низ целата територија на земјата, при што беа зафатени околу 120 објекти, не само училиштата. Безбедносните служби активно работеа, безбедноста не беше загрозена, но мораше да се постапува според упатствата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски во гостувањето на Телевизија 24, рече дека интензивно се работи на откривање на сторителите, посочувајќи дека од 19 октомври па се до денеска со опфатени повеќе од 520 објекти со лажните дојави.

-Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја туку со истото се соочуваат и земјите од регионот. Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.

Тој додава дека новото упатство прави проценка на ризик, па оттука и отсега па натаму ќе се преземаат мерки, но без да се нарушува образовниот процес во училиштата.

Спасовски, посочи дека е направен оперативен тим од различни институции кои учествуваат со свои експерти и бараат соодветни решенија за да се најде поинаков пристап кон електронските закани, исто така, нагласувајќи дека е донесено ново успатство за постапување и од петокот училиштата функционираат според тоа упатство.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

Без струја корисници од Долно Лисиче

Read more

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Read more

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more
 

Вести

Сонот за независност на Каталонија опаѓа: Сепаратистите се поразени, социјалистите го отвораат шампањот

Читај повеќе

Без струја корисници од Долно Лисиче

Читај повеќе

За ДУИ Силјановска го прекршила Уставот, за ВЛЕН тоа што заклетвата е потпишана со Северна значи дека ја прифатила реалноста

Читај повеќе

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова не рече Северна пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе