Спасовски: Ниту еден обид за злоупотреба на службената положба нема да се толерира

„Против 8 лица вработени во МВР и уште 28 граѓани покренати се кривични пријави во истрагата со фалсификуваните возачки дозволи. За инволвираните полициски службеници ќе следи суспензија и дисциплински постапки. Ниту еден обид за каква било злоупотреба на службената положба нема да биде толериран за кого и да се работи и во која институција и да се работи“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

„Точно е дека имаме истрага за осум лица кои се припадници на МВР кои директно учествувале во овие нелегални активности за издавање на возчки дозвои на лица кои што немаат положено возачки испит. Со тоа се поднесени кривични пријави против тие осум лица и против уште 28 граѓани, кои практично извршиле поттикнување во однос на ова кривично дело. Истрагата продолжува, ќе се согледаат сите апекти, тие лица ќе бидат суспендирани од работа и секако ќе се водат и дисциплински постапки во однос на овој случај“, рече Спасовски на овинарско прашање на прес-конеференцијата во Владата.

Нагласи дека ниту еден обид за каква било злоупотреба на службената положба нема да биде толериран за кого и да се работи и во која институција и да се работи.

„Така што сакам да укажам дека и јас и раководствопто на МВР сме решение да постапуваме во секој еден случај каде ќе имаме ваков случај на какви било коруптивни дејствија, дали се работи за припадници на МВР или се работи за државни службеници во другите министерства бидејќи навистина има такви сознанија да одредени државни службеници ја злоупотребуваат својата службена положба и овластувања. Така што заеднички со Јавното обвинителство ќе настапуваме и ќе ги решаваме овие случаи, бидејќи сите ние сме тука да го остваруваме интересот на граѓаните и државата бидејќи тие ни ја дадода довербата. Ниту еден обид за каква било злоупотреба на службената положба нема да биде толериран за кого и да се работи и во која институција и да се работи“, рече Спасовски.

Запрашан до каде стигнала истрагата во хиерархијата на МВР во врска со случајов со фалсификуваните возачки дозволи и дали ќе бидат повлечени документите кои биле издадени нерегуларно, како и за колкава бројка на документи станува збор, Спасовски рече дека со оглед дека се уште се работи на истрагата по овој предмет во моментов нема да изнесува повеќе детали.

„Истрагата ќе стигне до секој оној што ја злоупотребил својата положба и облстувања без оглед на која позиција се наоѓа во МВР“, порача министерот Спасовски.

Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осуммина вработени во МВР поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, „несовесно работење во службата“ по чл. 353 и „фалсификување на службена исправа“ по чл. 361 од Кривичниот законик, како и против 28 граѓани поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе