Спасовски: Само со висока свесност кај сите, ќе се справиме со корона-кризата

МИА
/ 21.06.2020 / 13:44

Со корона-кризата ќе се справиме само со висока свесност кај сите и со почитување на мерките за лична заштита од страна на граѓаните и ефикасни реакции на институциите таму каде што ќе има прекршување, бидејки заштитата на јавното здравје е законска обврска, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за 24 Инфо.

– Очекувам максимална одговорност и посветеност кон јавното здравје, од секого. Тоа е условот за справување со корона-кризата, секаде во светот, не само во нашата држава. Така ќе успееме да се справиме со корона-кризата. Затоа, повикувам на висока свесност кај сите, за надминување на последиците од здравствената криза. Ќе носиме маска, ќе држиме физичка дистанца од 2 метра, нема да се групираме во големи групи, ќе одржуваме максимална хигиена, посебно на рацете. Да, вака ќе функционираме додека е тоа потребно. Не е лесно, ама не е потешко од тоа некој да се инфицира, да се разболи или да се случи друг непосакуван исход. Навистина мора да се разбере дека справувањето со корона-кризата прво значи сочувување на здравјето, а заедно со него и сочувување на егзистенцијата на граѓаните, изјави Спасовски.

Тој потсетува дека Владата донесе три сета економски мерки за помош на граѓаните и на бизнисите, за зачувавање на работните места, за ревитализација на економијата преку зголемување на потрошувачката на македонски производи и финансиска поддршка за невладините организации и домашниот туризам.

– Како Влада посветени сме сериозно на справувањето со последиците од светската здравствена криза и изразувам благодарност до совесните граѓани, здравствените работници, полицајците и сите други вработени професионалци, кои се вложуваат во надминувањето на ситуацијата. Со заедничка свест и определба кон заштитата на јавното здравје, ќе успееме, смета Спасовски.

Тој потенцира дека во периодот на здравствена криза, не само што не беше запрена ниту една капитална инвестиција, туку секојдневно се заокружуваат значајни капитални проекти од суштинско значење на граѓаните, како што се патиштата, комуналната инфраструктура, објектите за градинки, училишта, и здравствени објекти.

– Капиталните проекти се мотор на економијата и за зголемување на јавната потрошувачка и ќе продолжиме со засилена динамика да работиме во таа насока. Можеме, како досега, со чесни и одговорни политики, да го постигнеме посакуваниот животен стандард, што носи спокој, сигурност и стабилност во секој дом и натамошен развој на нашата држава, истакна премиерот Спасовски.

Тој во интервјуто се осврнува и на работата на неговата Влада и на подготовките за организација на предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули.

– Во тек се сите потребни подготовки. Покажавме, во изминатите три години, како чесна и одговорна Влада, дека кога постои политичка волја, може да се организираат фер избори. Порачувам да не помисли некој да работи поинаку од своите професионални, законски, уставни должности. Институциите, граѓаните, партиите, се должни да придонесат секој да гласа на фер и демократски избори, во безбедни услови по здрвјето на гласачите, потенцира Спасовски.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе
  • filter

11 мај 1904, роден е шпанскиот сликар Салвадор Дали

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе