Спасувачка акција на Водно, повредениот се транспортира во болница

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, за повредено лице – со скршена нога на патека на Водно, Секторот за операции и координација со Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги контактираше институциите што би помогнале, освен Црвениот Крст, бидејќи нивната спасителна служба е дежурна само за време на викендите кога фрекфенцијата на планинските патеки на Водно е поголема.

„Покрај два припадника од МВР, медицинскиот тим од скопската Итна медицинска помош многу пожтвувано, заради планската оддалечена од пат локација на повредениот, пешки стигнале до местото на настанот со голема внимателност по замрзнатата патека, што се повеќе замрзнувала како што одминувал денот и се намалувале температурите. На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, болница. Притоа тие и го загреале, бидејќи било се постудено“, извести ЦУК.

„Од таму, паралелно биле контактирани и припадниците на Армијата, коишто имаат пункт на Средно Водно, а истовремено било контактирано и со Хеликоптерската единица за да се има комуникација во случај на потреба, но по кооринацијата, ови два субјекта немало потреба да интервенираат во конкретниот случај – но, биле во состојба на подготвеност. Регионалниот ЦУК Скопје информираше дека во 17:00 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР. Тоа е од причина што локацијата и времето од денот дозволувала само на раце да се носи со носилка од силни луѓе со познавање на движење по планински патеки до возилото на итната медицинска помош околу еден час и повеќе“, соопшти ЦУК.

Како што извести Центарот за управување со кризи, привршува носењето на повредениот до возилото на Итната медицинска помош на Водно, па потоа со транспортот до болницата каде што ќе добие дополнителна медицинска помош за санирање на повредата.

„Со тоа спасителната акција на Водно, со голема пожртвуваност од сите ангажирани субјекти, се заокружува успешно буквално на крајот од денот – во првиот мрак. Инаку, според првичните информации од терен, повредениот возрасен граѓанин бил пасиониран и искусен вљубеник во Водно и на планинското пешачење, па речиси секоја недела се искачувал на Водно, дури и по трипати во некои недели. Но, денешното планинско пешачење на крајот од денот било кобно и по ненадејното лизгање ја скршил ногата. Го пронашол друг граѓанин кој ја користел истата патека за пешачење којшто и се јавил на 112 во ЦУК“, додаваат од ЦУК.

Центарот за управување со кризи го повторува повикот за внимателност при движењето по планините, како и медиумите што секојдневно апелираат, бидејќи на повисоките места снегот е замрзнат, а се појавува голомразица на почетокот или крајот на денот, особено на осоите, и секако не треба да се потценува Водно, како што често знаат да кажат искусните планинари, како „лесна планинска патека“, поточно треба секогаш да се внимава и да прилагодува посетителот на условите, без разлика на големината на планините по коишто се пешачи или се вози со возила.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе