Спасувачките екипи изнесуваат луѓе заглавени во снегот на Мајорка

Спасувачките тимови на шпанскиот остров Мајорка денеска им помагаат на многумина блокирани во различни делови на медитеранскиот остров по снежното невреме. Тамошните власти побараа и распоредување на шпанска воена единица за итни случаи бидејќи островот се соочува со обилни снежни врнежи, ниски температури и силни ветрови по доаѓањето на бурата Жулиет во понеделникот.

Планинските области северно од популарната дестинација за одмор беа тешко погодени од доаѓањето на бурата Жулиет, која на некои места ги блокираше патиштата.

Откако невремето го погоди северниот дел на островот во понеделникот, на некои места во планинскиот венец Сера де Трамунтана се акумулира повеќе од еден метар снег, покажуваат податоците на шпанската метеоролошка служба.

Регионалната влада на Балеарските Острови соопшти дека соработува со безбедносните власти на расчистување на патот до две засолништа и „да ги спаси луѓето кои се уште се таму изолирани“.

Сите „се во добра здравствена состојба“, се вели во соопштението, додавајќи дека три хеликоптери биле вклучени во операцијата за „пребарување и евакуација“.

Единицата за итни случаи на Војската соопшти дека околу 90 нејзини припадници работат со машини за чистење снег за да ги расчистат патиштата.

Спасувачките тимови успеаја да го исчистат патот кој води до манастирот Сантуари де Лук од XIII век, каде што околу сто луѓе беа блокирани од снегот, соопшти локалната служба за итни случаи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе