Според сите проценки Мијалков е во државата, истакна Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс директорот на УБК, Сашо Мијалков сè уште е во државата.

„Според сите наши анализи и проценки сметаме дека сè уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Дејствијата за потрага се во тек. Ако ние знаеме каде е Мијалков во овој момент, веројатно ќе беше во притвор во истиот момент, меѓутоа сите анализи и проценки кои ги правиме врз основа на потражните дејствија и информациите кои ги добиваме, наша увереност е дека е во државата“, изјави Спасовски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека се работи на пронаоѓање на Мијалков и негово изнесување пред лицето на правдата.

Мијалков од неделата е недостапен за органите на прогонот. По него се трага, а во текот на вчерашниот ден беа извршени информативни разговори со неговите блиски од семејството и од обезбедувањето.

Министерот во неговото хронолошко појаснување на настаните како и кога добиле повик од Јавното обвинителство рече дека обвинителката Вилма Русковска во 12:30 во саботата му се јавила и му рекла дека има сознанија дека Мијалков подготвувал бегство.

„Иако доколку имала сознанија можела да се обрати до Судот, сепак се договоривме да прати писмено известување до МВР за да се провери дали нашите служби имаат такви сознанија. Во 17 часот од ОЈО за ГОКК добивме известување во кое стои дека обвинителката Рускоска располага со информации дека Мијалков се подготвува да избега преку зелената граница поради најавите за добивање поголема затворска казна од посакуваната. По добиеното известување, постапено е и во 23 часот вратено е известување до Обвинителството. Во меѓувреме, во 22:30 часот издадена е наредба за полициско делување на улици и објекти за 24 часовен надзор за што е изготвен план за прикриено полициско делување и ангажирани се тимови со полициски службеници. Потенцирам, прикриено полициско делување што е дозволено со закон, но не следење на лице, што не може да се направи без судска наредба“, истакна Спасовски.

Во неделата околу 11 часот, според министерот, директорот на БЈБ добил повик од Обвинителството, а потоа и барање за појаснување и дополнителни информации, на што било одговорено дека нема дополнителни информации.

„Издадени се насоки да се ангажираат дополнителни  служби низ град Скопје, посебно излезните точки од градот. Околу 14:40 часот од правец на МЕПСО кон хотел Мериот е забележан Мијалков со едно женско лице и три машки лица, по што влегуваат во подземните гаражи. Околу 15:05 часот забележан е излез на три возила, но не можело да се утврди дали и Мијалков  е во возилата, кои се упатуваат на ул. „Славејко Арсов“, која се наоѓа под ул. „Тодор Александров“. Во целиот овој период има поставено полициски тимови околу хотел Мериот и зградата на ул. „Тодор Александров“, како и на излезите од Скопје“, појасни Спасовски.

По подигањето од Основен суд Скопје 1 на решението за куќен притвор за Мијалков,  почната е процедурата за доставување. Според  Спасовски, околу  21:30 часот е утврдено дека Мијалков не е таму.

„Извршени се пребарувања  на три стана, сопственост на Мијалкови,  а потоа и на стан на ул. „Народен фронт“, а преземени се и други активности со цел пронаоѓање на лицето. Во текот на вчерашниот ден извршен е информативен разговор со 10 лица, а во текот на денешниот ден продолжуваме со сите расположливи мерки за пронаоѓање на лицето“, додаде Спасовски.

За случајот со бегалецот Мијалков одземени биле телефони, документација и други предмети кои, според министерот, обезбедени биле и снимачи од згради и објекти, а проверувани биле и камерите од „Безбеден град“ со цел добивање на дополнителни информации.

Министерот Спасовски рече дека ги охрабрува Јавното обвинителство и Судот да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај, бидејќи ваквите ситуации, според него, ја рушат довербата во системот која толку долго ја градиме.

„За оние што не постапиле соодветно, одговорност мора да има. Граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди“, порача Спасовски.

Мијалков е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе