Спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) информира дека согласно со новите мерки за заштита од COVID-19 и ограничување на работното време на угостителските објекти, и спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот.

Фото: Филип Здравески

– Во целост ја разбираме епидемиолошката состојба во земјата и даваме поддршка на институциите во борбата за справување со вирусот. Откако со одлука на Владата, спортските обложувалници од 13 мај повторно ги отворија своите уплатно-исплатни места, работиме во целост согласно со протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести и ниту еден наш објект не е затворен заради COVID-19. Продолжуваме доследно да се придржуваме до протоколите, грижата за нашите вработени и играчи и заштитата на колективното здравје остануваат наш највисок приоритет, соопшти АСОМ.

Со оглед на влошената епидемиолошка состојба, Асоцијацијата апелира на почитување на мерките за лична заштита од страна на играчите и придржување кон протоколот по кој работат спортските обложувалници.

Наведува дека сите членки на АСОМ на влез имаат поставено дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, играчите задолжително носат заштитна опрема на лице, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.

– Спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на COVID-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Членките на АСОМ, и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени, наведува АСОМ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе