Србија и Унгарија ќе ја поканат Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во Будимпешта, по разговорот со унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, изјави дека двете земји ќе испратат покани до Северна Македонија, Албанија, Грција, Турција и Бугарија за приклучување на изградба на брза железница во регионот, која прво ќе ги поврзе Будимпешта и Белград, а подоцна Ниш и Прешево, јави дописиникот на МИА од Белград.

– Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Северна Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ на новинарите по средбата со Јанош.

Весиќ посочи дека оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и дека, кога станува збор за железничкиот сообраќај, може да биде еден вид Отворен Балкан +.

– За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патничкиот сообраќај, рече Весиќ и додаде дека пругата има логична смисла по изградбата до Прешево да продолжи кон југ.

– Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на ОБ имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција. ОБ станува сѐ позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ОБ плус, објасни Весиќ.

Унгарскиот министер Јанош Лазар на новинарите им рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Северна Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе