Среќа плус за Невенка и Мартин Стојчеви, од с. Сарај, Струмица

Трендот за подарување инстант лозови за свадба е сè помасовно прифатен. Уште еден млад брачен пар, на денот на својата свадба доби возило, овојпат HYUNDAI BAYON, во СРЕЌА ПЛУС коверт, од инстант лозовите „7 х 7“.

Младенците Невенка и Мартин Стојчеви од с. Сарај од Струмица, својата венчавка ја прославиле на 14 август во ресторан „Монализа“ во с. Радово. Само неколку дена пред нив славеле и за венчавката на Деспина и Кирил − братот-близнак на Мартин. На обете свадби, покрај бројните подароци од гостите, другари и роднини им носеле и по неколку инстант лозови за подарок. На својата свадба Невенка и Мартин, од тетка им, во еден Среќа плус коверт добиле 13 инстант лоза, сите од серијата „7 х 7“. Гребењето на лозовите го одложиле, сакајќи да направат од тоа дополнителна забава.

Во саботата, на 19 август, маденците низ забава, смеа и досетки, весело ги гребеле собраните лозови, поделувајќи ги и 13-те лоза од ковертот на тетката, каде што ги чекал и добитниот лоз, којшто го гребела Деспина, во име на Невенка и Мартин. Не ѝ се верувало кога изгребала три исти симболи HYUNDAI BAYON, па низ солзи радосници, пресреќна им го покажала лозот „7 х 7“, честитајќи им нова кола.

И на првата средба во Државна Лотарија, четворицата млади дојдоа заедно. Возбудата од моментот на дознавање на добивката беше сè уште присутна кај Деспина којашто ни го раскажа моментот на тоа посебно чувство, кога на својата золва и девер им изгребала кола од грепките од тетка.

Свадбената среќа е удвоена и веќе споделена со најблиските. Нека е со среќа влегувањето во брачните води на сите четворица, а по нивната заедничка радост, се чини дека добивме две млади семејства коишто ја делат истата радост за добивката и истата благодарност за постоење на трендот Среќа плус − дарување лозови во среќни мигови.

Невенка и Мартин влегуваат во сè поголемото семејство Среќа плус добитници. Од почетокот на трендот, од март 2015, славиме со младенци кои добија поголеми парични суми од лозови подарени на свадба, но и веќе шест брачни пара добија возила од различни лозови. Од 2016 до сега, брачен пар во Скопје го возат својот бел Volkswagen Passat; младенци во Прилеп добија Kia Sportage; една Toyota Auris Hybrid беше добиена на лоз во коверт на свадба во Битола, а една во Скопје, а потоа и MINI Cooper во Битола. Сега Невенка и Мартин ќе го возат својот свадбен Hyundai Bayon.

Трендот Среќа плус ги радува и дополнително усреќува младенците.     Има многу забава, надеж и возбуда во гребењето на поголема количина лозови, а премијата и да не е во некој од лозовите, секогаш има поголеми и помали добивки за понатамошно менување за нови лозови на среќните места на Државна лотарија, кога се добива и втора шанса за добивка... и забавата продолжува.

Мледенците − среќни добитници, и самите кога одат на свадба носат лозови, а истото им го препорачаа и на сите граѓани кои не треба да пропуштат можност да подарат среќа плус не само за свадба, туку и за друг убав повод или и без повод.

Нема поевтин начин за подарување моменти на надевање, забава и возбуда, а притоа пренесување на личната порака за пожелување дополнителна среќа.

Со подарување на 13-те лоза од играта на среќа со име „7 х 7“, којашто нуди 14 возила HYUNDAI,  тетката на Мартин како да им пратила порака „пожелувам да добиете кола“... и добиле.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе