ССМ: Работодавачите да ја исполнат обврската и да исплатат К-15

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги потсетува работодавачите дека до крајот на годината треба да ја исполнат законската обврска и на работниците да им исплатат К-15.

– Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со колективните договори, а колективните договори според Уставот на државата имаат еднаква правна важност како и законите. Важењето на колективните договорни не може да се суспендира од страна на државни органи. ССМ како единствен репрезентативен сидникат во државата очекува работодавачите да ја исполнат оваа обврска така како што е утврдена во колективните договори, се наведува во денешното соопштение од ССМ.

Работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор, можат да побараат интервенција од ССМ и од Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат исплатените средства, предвидена е затворската казна до 1 година.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Согласно член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе