ССНМ бара ослободување од придонесите за вработените во медиуми кои не отпуштиле вработени во корона-кризата

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен посебен пакет мерки кој ќе се однесува на новинарите и медиумските работници, со оглед на фактот дека, како што посочуваат, тие се една од главните алки во борбата против ширењето на коронавирусот и извршуваат работа од јавен интерес.

– ССНМ се повикува и на повикот на Европската федерација на новинари до националните влади, Европската Комисија и Европскиот Парламент за брза, таргетирана и координирана акција за поддршка на сите медиумски работници – вработени, слободни новинари и самовработени – како одговор на разурнувачкиот социјален и економски удар од глобалната криза со COVID-19 во медиумскиот сектор. COVID-19 нанесе тежок удар на медиумските слободи во целиот свет. Во оваа пандемија европските граѓани имаат потреба од професионални, економски обезбедени новинари повеќе од кога и да е, наведуваат од ССНМ.

Истовремено, тие, како што соопштија, се повикуваат и на десетиците изјави на претставниците на власта кои се однесуваа на значајната улога на новинарите и медиумските работници во борбата со пандемијата, како и постојаното изразување благодарност за работата на новинарите.

– ССНМ ги поздравува досегашните мерки преземени од Владата за помош на медиумите, но податоците дека голем број на новинари и медиумски работници се соочија со намалување на платите, а некои и со отпуштање од работа, покажуваат дека досегашните мерки не биле доволни, додаваат во соопштението.

Затоа, велат, сметаме дека крајната цел на финансиската помош треба да бидат новинарите и медиумските работници.

– Нашето барање за финансиска помош за вработените во медиумите се заснова на начелото дека само социјално и економски обезбедени вработени во медиумите може и професионално да ја вршат својата задача – навремено, точно и објективно да ја информираат јавноста. Затоа, оваа помош за медиумите поради кризата со COVID-19 треба да гарантира дека ќе им биде од помош директно на вработените, нагласуваат од ССНМ.

Барањата, информираат, се базираат на следниве три точки – Ослободувањето од 100 проценти од придонесите за вработените во медиумите кои не отпуштиле ниту еден вработен во текот на кризата, освен со спогодбен прекин на работниот однос, заминување во пензија или со други одредби од ЗРО, со исклучок на технолошки вишок за времетрањето на мерката и давање отказ без отказен рок. Мерката да важи и за медиумите кои им ги намалиле платите на новинарите и медиумските работници, но само доколку се обврзат ваквото ослободување да го искористат за да им ги вратат скратените средства на своите вработени. Враќањето на средствата се одвива паралелно со спроведувањето на мерката.

– Со цел кревање на свеста за борбата против лажните вести, односно важноста на професионалното новинарство оваа мерка да не важи за медиумите на кои надлежен суд со правосилна пресуда одредил дека го прекршиле Кривичниот Закон од Главата против здравјето на луѓето, додаваат од ССНМ.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе