Стејт департмент: Заканата од терористички напади во Северна Македонија е „просечно висока“

Главниот контратерористички проблем на Северна Македонија во 2021 година беа враќањата на странските борци од Сирија и Ирак, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот за 2021 година. Според извештајот, заканата од терористички напади во земјава е „просечно висока“ или „средна“.

Во Северна Македонија, како и во Србија, Косово, Албанија и Грција, во 2021 година не се случиле терористички инциденти. 

Враќањето на странските терористички борци во Северна Македонија, а такви активности се забалежани и во Косово, претставува проблем „со оглед на можноста овие лица да реализираат насилни екстремистички ќелии, планови за напад и да радикализираат други лица“. 

Според Националната комисија за борба со насилниот екстремизам и тероризмот, околу 143 граѓани на Северна Македонија (исклучувајќи деца) во изминативе неколку години патувале за Сирија, Ирак или во двете земји за да се вклучат во терористички групи. Од нив, 133 лица се мажи, 10 се жени, 38 биле убиени, 79 се вратени, петмина се верува дека останале во Сирија и двајца се во затвор во бегалски камп. Додека, пак, 16 лица, 11 мажи и 5 жени, се репатрирани, а тројца биле депортирани од други земји. 

Заканата од терористички напади Северна Македонија е означена на ниво „просечно висока“ или средна, во време кога членовите на ИД и симпатизери се присутни во земјата. 

Во јули 2021 година владата репатрирала 4 странски терористистички борци и 19 членови на семејствата. 

Понатаму, се вели дека правната рамка на Северна Македонија е адекватна за прогон на лица осомничени за извршување или помагање терористички активности, или учество во странски војски. Законот за казнувања поврзан со овие прекршоци останува предизвик, но е подобрен во споредба со претходните години, и затворските казни се општо земено подолги отколку кај останатите земји од Западен Балкан. 

Министерствто за правда на САД обезбедило менторство и обука со наоди од терен за обвинителите и истражителите. 

Северна Македонија е исто така дел од институциите за борба со финансискиот тероризам, како регионалното тело Мoneywal. Донесен е нов закон за запирање на перењето на пари и финансирање на тероризмот за имплементацијата на Директива V (2018/843) и хармонизација со законодавството на ЕУ. 

Канцеларијата за финансиско разузнавање на Северна Македонија во 2021 година примила 5 извештаи од банки поради основано сомнение за финансирање на терористи и во врска со тоа до надлежните служби поднела 11 извештаи.

Северна Македонија исто така е вклучена во борбата со насилниот екстремизам и во 2021 година продолжила со соработка со останатите земји од Западен Балкан за борба со тероризмот и насилниот екстремизам, и учествувала во повеќе проекти поврзани со ова.

Владата имплементирала проекти за изградба на капацитети подржани од САД, Обединето Кралство, Италија, Холандија, Норвешка и други, а овие напори ќе ѝ помогнат на Северна Македонија да се подготви за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се вели во извештајот на Стејт департментот.

Заканите за тероризам во Албанија се состојат од обидите на странски терористички организации да ја радикализираат албанската младина на насилство, како и државно спонзорираните активности на Иран против иранската опозициска група Муџахедин-е Калег, чии членови се преселени во Албанија, оценува Стејт департментот.

реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе