Стигна ажурирањето на Windows 11 за 2022: Кои нови функции ги донесе?

Windows 11 почна да го добива своето прво големо ажурирање во форма на Windows 11 2022 Update.

 

Со Windows 11, Microsoft одлучи да се префрли на годишна објава на ажурирања, што значи дека не мора да прецизира во која половина од годината се објавува ажурирањето, како што беше случајот со претходните верзии на Windows.

Windows 11 беше објавен пред повеќе од една година, а ажурирањето од 2022 година носи голем број нови функции.

URL

Microsoft нагласува дека целта на Windows 11 е да понуди поедноставено искуство што го прави корисникот попродуктивен. Така, новата верзија на Windows вклучува подобра навигација со допир за Snap Layouts, можност за додавање повеќе табови на прелистувачот на Edge, Focus сесии и функцијата Do Not Disturb.

Компанијата тврди дека Windows 11 2022 Update нуди побрз Search, подобро искуство со менито Start, различни виџети и подобрувања на пристапноста.

Покрај тоа, најновото ажурирање исто така се промовира како врвно за креаторите на содржини и гејмерите, благодарение на фактот што доаѓа во комплет со Clipchamp, нова алатка наречена Windows Studio Effects и голем број гејминг подобрувања.

Microsoft ја продолжува поддршката за апликациите за Android во Windows 11. Искуството со Amazon Appstore, овозможено од Windows Subsystem for Android (WSA) сега се проширува во 31 нова земја и ќе содржи каталог од 20.000 апликации и игри за Android.

URL

На безбедносен план, Windows 11 2022 Update има сензори за присуство за Windows Hello for Business, како и Smart App Control.

Како и претходните ажурирања на Windows, 2022 Update ќе пристигне во бранови и фази до квалификуваните корисници и ќе се појави во делот за ажурирање на Windows.

Тагови
реклама

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе