Столтенберг: Членот пет ќе се активира и за вселенски напади

Лидерите на НАТО ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност односно членот пет од Договорот за основање на Алијансата „сите за еден, еден за сите“, така што членките на Алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенски напади, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според членот пет од основачкиот договор на НАТО напад врз кој било од триесетте  сојузници ќе се смета за напад врз сите нив.

– На овој Самит ќе ставиме до знаење дека, се разбира, секој напад врз вселенските можности, како што се сателити и слично или вселенски напади, може да го активира членот пет, истакна Столтенберг, неколку часа пред да претседава со Самитот.

Скоро 2.000 сателити кружат околу Земјата, а повеќе од половина се управувани од земјите-членките на НАТО. Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и размена на разузнавачки информации. Многу земји-членки се загрижени за, како што истакна, од сè поагресивното однесување на Кина и Русија во Вселената.

Околу 80 земји имаат сателити, а сè повеќе приватни компании се појавуваат на тоа поле. Во 80-тите години од минатиот век само дел од комуникациите на НАТО се одвиваа преку сателит, а денес тие се најмалку 40 проценти.

Клаузулата за колективна одбрана на НАТО беше активирана само еднаш, кога членките застанаа зад САД по нападите на 11 септември 2001 година. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе