Стотици номинации за годинашната Нобелова награда за мир

Вкупно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројните горливи прашања низ целиот свет во областа на човековите права, соопшти вчера секретарот на Комитетот што ја доделува наградата.

„Ова е трет најголем број номинирани досега“, изјави за Reuters секретарот на норвешкиот Комитет за Нобелова награда Олав Ноелстад. Во 2016 година имаше рекордни 376 кандидати.

Од вкупниот број оваа година, 234 се физички лица и 95 организации.

„Тоа го одразува големиот меѓународен интерес за Нобеловата награда за мир“, рече тој. „Тоа веројатно укажува на постоење на голем број нерешени конфликти, војни и проблеми со човековите права низ целиот свет.“

Нобеловиот комитет не коментира кој е номиниран, но оние што ги номинирале, вклучително и членови на парламенти ширум светот и поранешни добитници, можат да ги откријат своите кандидати.

Русинот Алексеј Навални, Светската здравствена организација и Швеѓанката Грета Тунберг се меѓу номинираните за годинешната награда, според анкетата на Reuters спроведена меѓу норвешките пратеници чии номинации победија во последните неколку години.

Програмата COVAX, која обезбедува фер пристап до вакцините против  COVID-19 за сиромашните земји, е исто така во трка, како и американската активистка за човекови права Стејси Абрамс и белоруските дисиденти Светлана Тихановскаја, Марија Колесникова и Вероника Цепкало.

Номинирани беа и Репортери без граници, Меѓународната мрежа за откривање факти и Комитетот за заштита на новинарите.

На списокот се и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, неговиот зет Џеред Кушнер и помошникот на Кушнер од Белата куќа Ави Берковиц, номинирани за неговата улога во посредувањето во нормализацијата на односите меѓу Израел и неколку арапски нации.

Петчлениот одбор го одржа својот прв состанок во петокот, рече Ноелстад. Тие ќе се состануваат еднаш месечно за да разговараат за кандидатите пред да ги објават лауреатите во октомври.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе