Ги разбираме многу повеќе отколку што мислиме

Струдија потврди дека луѓето препознаваат мајмунски гестикулирања

Најновата студија сугерира дека нашата способност да ги разбереме големите мајмуни е многу поголема отколку што досега се мислеше.

Една од главните човечки карактеристики е свесната комуникација, при која се обидуваме да пренесеме одредени пораки едни на други. Ретко може да се најде кај другите видови. Сепак, вакво нешто не би можело да се развие преку ноќ, или барем не толку брзо. Многу поверојатно е дека овој тип на комуникација користеле и наши далечни роднини.

Затоа не е изненадувачки што дури и современите видови мајмуни користат гесикулации за да комуницираат со другите членови на нивната заедница. Она што е уште поизненадувачко - и она што го потврдија резултатите од најновата студија објавена во PLOS Biology, е дека голем процент од возрасните луѓе исто така ги разбираат овие гестови.

Авторите на трудот, д-р Кристи Грем и д-р Кетрин Хобајтер од Универзитетот во Сент Ендрјус, дошле до ова откритие откако ги анализирале податоците добиени од 5.656 учесници кои учествувале во онлајн игра. Играта била дизајнирана така што учесниците, врз основа на 20 видеа од шимпанза и бонобо мајмуни, требало да откријат што значат гестовите што мајмуните ги покажуваат.

Излегло дека учесниците исклучително добро го толкувале овој „јазик“ и дека воопшто не било важно дали се дадени информации за контекстот или не. Под ова се подразбира објаснување во форма на текст во кое се наведува што правеле мајмуните непосредно пред да го извршат гестот. Просечната стапка на успех била 57% или 52% во случаи кога немало достапен контекст.

„Гестовите и вокализациите веројатно еволуирале заедно во модерното човечко гестикулирање и човечкиот јазик каков што го знаеме денес“, објаснива Грем. Сепак, многумина сè уште тврдат дека се потребни повеќе слични истражувања за конечно да се потврди дали ова разбирање е поврзано или можеби резултат на слични тела, општествени цели и способноста воопшто да се разберат овие значења.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе