Судење за „Меѓународен сојуз“: Се изведуваат материјални докази од Обвинителството

Со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Обвинителството презентира материјални докази од Управата за финансиско разузнавање, за банкарските сметки и реализираните трансакции на обвинетите во периодот на интерес за случајот.

Одбраната реагираше на начинот на изведувањето на овие докази, како и дека некои од нив немаат сметки во некои од посочените банки или во однос на направените трансакции.

Потоа беа презентирани и документи од УЈП и Централен регистар за здружението „Меѓународен сојуз”.

На почетокот на денешното рочиште, Бојан Јовановски побара изземање на обвинителката Вилма Русковска и произнесување од републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој е застапник на обвинението со оглед на тоа, како што рече, споменатата обвинителка не се појавува и од рочиште на рочиште се менуваат обвинителите.

„Ова барање ќе го аргументирам поради тоа што Вилма Русковска не се појавува, не знаеме зошто, точно е дека може да прави свои замени според хиерархијата, но го молам републичкиот обвинител да одреди кој точно е застапник за да знаеме кој се обидува да го докаже обвинението кое е на стаклени нозе“, рече Јовановски.

Судот посочи дека барањето ќе биде проследено до Јавното обвинителство по завршување на денешното рочиште.

„Со оглед дека барањето за изземање не се однесува на причините од ставот 1 од членот 33 од ЗКП, туку на став 2 од истиот член, денешното рочиште ќе се одржи, а по завршување на истото барањето ќе биде проследено до надлежниот јавен обвинител за одлучување“, изјави судијката Софче Гаврилова Ефремовска.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Читај повеќе