СЗО: Околу три милиони нови случаи на коронавирус за една недела

Минатата недела ширум светот беа пријавени околу три милиони случаи на инфекција со коронавирус и над 55.000 смртни случаи што е зголемување за 10 проценти во бројот на заразени, и три проценти во бројот на починати во однос на претходните седум дена, соопштија од СЗО.

Претходно, смртноста се намалуваше повеќе од два месеци.

Од 5 до 11 јули регистрирани се 2.996.465 заразени лица и 55.830 смртни случаи во светот. Заклучно со 11 јули имало вкупно 186.240.393 заразени и 4.027.861 смртни случаи.

Најголем број заразени лица за една недела во СЗО е пријавен од Бразил (333.030). Следуваат Индија (291.789), Индонезија (243.119), Велика Британија (210.277) и Колумбија (174.320). Најголема инциденца е забележана на Британските Девствени Острови (2.497 нови случаи на 100.000 жители), Сејшелите (763), Кипар (673), Џерси (628) и Фиџи (490).

Инциденцата во текот на неделата е на намалена во Америка (за 3 проценти). Во исто време, раст е регистриран во Источен Медитеран (за 25 отсто), Европа (за 20 отсто), Југоисточна Азија (за 16 отсто), Западен Пацифик (за 15 отсто) и Африка (за пет проценти). Смртноста особено се зголеми во Африка (50 отсто) и Југоисточна Азија (26 отсто). Значителен пад на бројот на смртни случаи е забележан во Америка (за 11 отсто).

Во Европа, повеќе од 653.000 луѓе се заразиле за седум дена и скоро 7.000 починале. Повеќе од 962.000 новозаразени се пријавени во Америка, и повеќе од 23.000 смртни случаи. Во Југоисточна Азија, лекарите идентификуваа повеќе од 712.000 заразени, а повеќе од 14.000 луѓе починаа.

Според билтенот на СЗО, позаразната Делта мутација на коронавирусот од 6 до 13 јули се проширила од 104 на 111 земји.

реклама

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе