СЗО: Ширењето на мајмунски сипаници може да се спречи со правилни мерки

Шефот на одделот за пандемија при Светската здравствена организација (СЗО), Силви Брајан, вели дека „невообичаеното“ ширење на вирусот на мајмунските сипаници може лесно да се спречи со правилни мерки.

СЗО предупредува дека 200 случаи на мајмунски сипаници регистрирани во изминатите недели во светот, надвор од земјите каде што често циркулира вирусот, би можеле да бидат само почеток, пишува Guardian.

– Не знаеме дали само го гледаме врвот на ледениот брег, односно дали има уште многу случаи кои не се откриени, истакна Брајан на вчерашниот брифинг.

Откако Велика Британија првпат потврди случај на мајмунски сипаници на 7 мај, речиси 200 заразени лица се пријавени во СЗО од држави кои се оддалечени од земјите каде што вирусот е ендемичен, а Европскиот центар за превенција и контрола на болести процени дека има 219 такви случаи.

Случаи на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници ненадејно се откриени во повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и уште речиси десетина земји од ЕУ.

Шпанското Министерство за здравство вчера соопшти дека досега се потврдени 98 случаи, додека во Велика Британија во моментов има 90 откриени инфекции.

Португалија, пак, регистрирала 74 случаи, соопштија вчера здравствените власти на земјата, додавајќи дека сите инфекции се откриени кај мажи, главно на возраст под 40 години.

Аргентина вчера ги потврди првите два случаја на мајмунски сипаници во Латинска Америка.

– Сè уште сме на самиот почеток на ова случување, знаеме дека ќе имаме повеќе случаи во наредните денови, им порача Брајан на претставниците на земјите-членки кои присуствуваат на собранието на СЗО во Женева, нагласувајќи дека нема простор за паника. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе