Наковска-Бикова освои злато на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет
Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол - слободен избор 25 метри.