Тајните на големите мајстори: Како најдобро се варат тестенини?

Варењето тестенини лесно може да тргне наопаку и не е толку тешко да ги преварите, така што наместо вкусни ал денте тестенини да добиеме преварени парчиња.

Научниците повеќе пати проучувале како е најдобро да се варат тестенините, а новата студија вели дека треба да обрнеме внимание на четири чекори при подготовката.

Тестенините се омилено јадење во речиси сите краишта на светот, па затоа не изненадува сознанието дека и најголемите кулинарски мајстори и научниците се мачат да го изнајдат најдобриот начин како да се подготват.

Научници од САД дојдоа до заклучок дека за време на варењето,  протеините формираат сложена мрежа околу скробот што останува во тестенините. Во спротивно, би добиле леплива и згрутчена маса. Истото ќе се случи ако не ги мешаме тестенините повремено за време на варењето, бидејќи ќе се залепат.

Познатите готвачи се согласни дека тестенините секогаш треба да се ставаат во врела вода што врие бидејќи така ќе се движат и нема да се залепат, но сепак се поделени околу тоа дали треба да се додаде масло во водата додека се варат.

Лидија Бастијанич и Алтон Браун не сакаат да додаваат масло затоа што се едни од оние кои сметаат дека сосот се лизга од тестенините поради тоа. Гордон Ремзи, од друга страна, не гледа проблем во ова и е убеден дека маслото спречува лепење на тестенините. И научниците имаат трето мислење. Тие се убедени дека целото масло ќе отиде заедно со водата кога ќе ги исцедите тестенините.

Има уште три важни правила што не треба да се прескокнуваат. Првото е дека водата дефинитивно треба да се посоли бидејќи солта го нагласува вкусот на тестенините. Второто е дека никогаш не смеете да ги исплакнете тестенините по цедењето, бидејќи така ќе го измиете тенкиот слој на скроб кој овозможува тестенините подобро да се спојат со сосот. И трето, за да ја добиете добитната комбинација кога правите тестенини со сос, ставете малку од водата во која се вареле во сосот, ќе придонесе сосот подобро да се залепи на тестенините.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

5 здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе