Талибанците постигнаа договор со Русија, Авганистан ќе добие гас и нафта

Претставниците на Авганистан и Руската Федерација склучија договори за купување нафта и гас, а договорот наскоро треба да биде парафиран, соопшти Министерството за трговија и индустрија на Авганистан.

Според министерот за трговија Нурудин Азизи, страните постигнале договор за трансфер на нафта од Русија во Авганистан, а целиот процес бил многу предизвикувачки поради санкциите воведени и кон Авганистан и кон Русија.

„Некои од нашите технички тимови сè уште се во Русија и работат на детали како што се трансферите на пари. Со оглед на тоа што повеќето руски и авганистански банки се под санкции, трансакциите ќе се одвиваат преку трета земја“, рече Азизи, пренесува афганистанскиот медиум TOLONEnews.

Инаку, според податоците на Авганистанската трговска и инвестициска комора, обемот на годишната трговска размена меѓу Москва и Кабул порасна на 170 милиони долари.

Токму министерот за индустрија претходно изјави дека Авганистан сака да увезува нафта и гас од Русија во замена за други производи.

„Покрај тоа, имаме, на пример, сушено овошје, суво грозје и лековити билки. Авганистан низ историјата има испорачано големи количини суво грозје во Русија. Можеме да испорачаме стотици тони такви производи во Русија. На пример, цените на лековитите билки сега се многу високи, а Русија има потреба од такви суровини за лекови. И можеме да ги користиме за размена“, претходно ги претстави своите идеи талибанскиот политичар.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе