ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд

Тече рокот за поднесување тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори.

ДИК треба да ги достави одлуките до политичките партии и потоа почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби, по што Управниот суд има 60 часа за да одлучи. До синоќа во судот немало пристигнато ниту една тужба од партиите.

– Подготвени сме да примиме тужби од страна на овластени претставници на листите на кандидати за пратеници во текот на денешниот или утрешниот ден, меѓутоа, до овој момент нема поднесено тужби, рече синоќа претседателот на Управен суд Бурим Сејдини.

Тој во гостувањето на „Топ Тема“, изрази надеж дека нема да дојде до блокада на судот, бидејќи се преземени сите активности и мерки за судот да функционира во целиот свој капацитет.

– Извршена е жрепката на советите за одлучување по избори, така што, убедени сме дека Управниот суд ќе успее навремено да ги изврши своите законски надлежности, а тоа е да донесе одлуки по поднесените тужби и да имаме официјални конечни резултати по одржаните предвремени парламентарни избори 2020 година, рече Сејдини.

Повтори дека се прават напори да се организираат и судот да постапува најефикасно што е можно.

– За првпат Управниот суд, како што се најавите, ќе се соочи со оваа бројка на тужби. Моментално сите стручни соработници, сите судии се на располагање, правиме соодветни симулации како да се обезбеди тоа да навремено одлучиме во рокот од 60 часа по приемот на тужбите, рече Сејдини.

Убедени сме, додаде тој, дека на нашата држава и е потребно што побрзо да се стигне до официјалните конечни резултати за да може конечно да профункционира законодавната власт.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август. 

Тужби до Управниот суд најавија полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Левица и Интегра.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе