Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Температурите во Европа се зголемени повеќе од двапати од глобалниот просек во изминатите 30 години, покажа нов извештај.

Зголемувањето во просек изнесувало 0,5 степени Целзиусови секоја деценија помеѓу 1991 и 2021 година, според годишниот извештај за состојба на климата во Европа објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Коперник, програма на Европската унија за набљудување на Земјата.

– Минатата година прикажа жива слика на светот кој се загрева и потсети дека дури и оние општества кои ги сметаме за подобро подготвени не се безбедни од сериозните влијанија на екстремните временски настани, напиша генералниот секретар на СМО, Петри Таалас во предговорот на извештајот, истакнувајќи ги рекордните поплави и шумски пожари кои го погодија континентот минатата година.

Повеќе од половина милион луѓе беа „директно погодени“ од големи временски и климатски настани, главно бури или поплави. Според извештајот, предизвиканата штета е повеќе од 50 милијарди долари. Во извештајот се забележани екстремно високи температури и топлотни бранови, вклучувајќи го и европскиот топлотен рекорд од 48,8 степени Целзиусови измерени на Сицилија во август, 2021 година.

Зголемувањето на температурите има значително влијание и врз европските глечери. На Алпите е регистрирана загуба од 30 метри дебелина на мразот помеѓу 1997 и 2021 година, а топењето на ледената покривка на Гренланд придонесе за глобално зголемување на нивото на морето.

Оваа година во Европа беа урнати неколку температурни рекорди, а Англија и Франција го доживеаја најсушниот јули досега. Велика Британија ја забележа највисоката температура досега, 40 степени, а глечерите се топат со невидена брзина.

Екстремни временски настани беа забележани и во текот на зимата, при што невообичаено обилен снег ги погоди Шпанија и Норвешка, а неочекуван студен бран предизвика сериозна штета на лозјата и другите земјоделски култури во зимата 2021 година.

Во меѓувреме, светските лидери и дипломати се подготвуваат за овогодишниот самит на ОН за климатски промени, познат како ЦОП27, во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Таалас ја повика Европа поактивно да се посвети на поставените цели во борбата против климатските промени и ја нагласи важноста од ограничување на „зголемувањето на глобалната температура на значително под 2 Целзиусови степени, додека продолжуваат напорите да се ограничи зголемувањето на 1,5 степени, како што е наведено во Парискиот договор“.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе