Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг продолжува да ги носи играчите на Ајакс на Олд Трафорд.
Откако пред почетокот на сезоната ги доведе Лисандро Мартинес и Антони од својот поранешен клуб, сега сака да доведе уште еден играч на Ајакс во зимскиот преоден рок.
Станува збор за Мохамед Кудус, 22-годишниот офанзивен играч за врска кој се прослави на Светското првенство во дресот на Гана.
На Олд Трафорд би требало да пристигне за 30 милиони евра, а најверојатно би останал во Ајакс до крајот на сезоната на позајмица, а од следната сезона би бил во играчкиот кадар на Јунајтед.