СЕРИЈА А 2023/2024

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Интер ја освои титулата во Серија А откако го победи Милан во тензичното Дерби дела Мадонина во понеделникот: еве три работи што веројатно не ги видовте на телевизискиот пренос.

Меѓу акредитираните медиуми синоќа на „Џизепе Меаца“ кога „Нераѕурите“ го освоија историското 20-то Скудето по победата од 2:1 над градскиот ривал Милан беше и италијанскиот медиум Football Italia, кој за случувањата во Калчото известува на англиски јазик. Еве три работи што не ги видовме на ТВ, а Football Italia ги забележа.

Навивачко исмејување

Беше вистинска дерби атмосфера пред, за време и по натпреварот. Навивачите на Интер и Милан цело време се исмеваа меѓу себе, но никогаш немаше тензија на трибините или надвор од стадионот. И покрај ривалството, меѓу навивачите на миланските клубови постои меѓусебна почит па немаше судири или инциденти околу стадионот. Тоа е така од 1981 година, а зошто е тоа така пишувавме во понеделникот.

Како што рековме, навивачите на Интер и Милан се исмејуваа меѓусебно, почнувајќи на загревањето и кореографии пред почетокот. На трибините Север и Југ истакнаа повеќе транспаренти за време на натпреварот. Во одреден момент од првото полувреме, ултрасите на „Росонерите“ им порачаа на своите ривали дека треба да го слават 19-тото скудето, со оглед на тоа што едно им беше доделено на зелена маса во 2006 година, откако Јувентус испадна во Серија Б во скандалот Калчополи.

URL

Курва Суд повторно го поврза Интер со Јувентус неколку минути пред последниот судиски свиреж, покажувајќи лого на Старата дама со боите на Интер и порака која гласеше: „Губите финале, крадете лиги. Станавте сѐ што отсекогаш мразевте“.

Од друга страна, ултрасите на Интер одговорија со џиновски транспарент за време на славењето со своите играчи. Пораката гласеше: „Кажете ѝ на Мадонина, има шампиони и тие што плачат“. Приврзаниците на „Нераѕурите“ веќе ги тролаа „Росонерите“ пред почетокот со пеење „Ќе ја освоите титулата“ и „Пиоли гори“.

URL
Димарко

Ова беше посебна ноќ за Федерико Димарко. Производ на клупската академија на Интер, италијанскиот репрезентативец се врати во своијот омилен клуб од детството во 2021 година по едногодишната позајмица во  Верона, па сè уште го немаше освоено Скудетото со „Нераѕурите“. На 26-годишниот фудбалер не му пречеа навредите од навивачите на Милан, но беше електричен кога беше заменет во второто полувреме. Димарко им мавна на Курва Норд навивачите, кои го извикуваа неговото име. Мина неколку секунди разговарајќи со неговата замена, Карлус Аугусту, на аут-линијата, давајќи му неколку брзи инструкции, а потоа прегрнувајќи ги Симоне Инѕаги и многу од неговите соиграчи на клупата пред повторно да мавне кон Курва Норд.

URL
Тео и Думфрис

Тео Ернандес и Дензел Думфрис (да, Думфрис се вика, не Дамфрис!) беа исклучени во 90+3. Холандскиот дефанзивец влезе на теренот само неколку минути претходно и никој од нивните соиграчи не успеа да ги одвлече во текот на конфронтацијата. Напротив, во пресметката се приклучија повеќе играчи на Интер и Милан.

URL

Можеби не видовте на телевизија дека Тео Ернандес прв го напушти теренот и беше следен од неговиот ривал само неколку метри зад него. Од клупата на Интер се плашеа дека Думфрис повторно ќе го брка Тео во тунелот, па неколку од нив го блокираа пред да влезе внатре за да го забават и да избегнат дополнителни санкции од спортската арбитража.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе