Теорија на умот: Зошто некои луѓе се подобри од другите во оценувањето на социјалните односи?

Способноста на умот да разбира што другата личност мисли - емотивно, интелектуално или визуелно, е вештина која во текот на животот постепено се развива.

Умот е нешто што е тешко директно да се набљудува. Размислувајќи за умот, се создаваат бројни теории за верувања, вредности, емоции, мотивации, мисловни процеси и слично. Интеракцијата со другите луѓе, па дури и само размислувањето за нив, нè тера да размислуваме за тоа што мислат или чувствуваат другите луѓе. Ваквите размислувања се нарекуваат „теории на умот“. Слично се случува кога се рационализираме, кога се обидуваме да станеме свесни за нашите претходни одлуки и чувства, се обидуваме да разбереме кои навистина сме.

Ваквата активност на мозокот е наше предвидување на туѓите намери, кои всушност ни помагаат во односите со другите луѓе. Теоријата на умот ни помага и во оценувањето на туѓите размислувања и помага да разбереме кога другите грешат (на пример ако имаат погрешни верувања). Сето тоа ни пружа приулика да влијаеме на туѓото мислење, а често и да бидеме дел од некое недоразбирање.

Користејќи ги теориите на умот, можеме да препознаеме дали некој ја кажува вистината или не. Лесно ги одредуваме изворите на туѓото однесување, па дури и многу добро ги разбираме другите и сочувствуваме со нивната среќа и тага. Теориите на умот се исто така клучни за уметноста и религијата - верувањето во богот на сонцето бара наша моќ да замислиме нешто што не е присутно, но тие се одговорни и за тоа колку пријатели имаме. Накратко, теориите на умот имаат силни културни импликации. Според еволутивниот антрополог Робин Данбар од Универзитетот во Оксфорд „овие способности ни овозможуваат да го гледаме светот не само како физички феномен, туку и да успееме да го замислиме поинаку“.

Тестот Сали-Ана

Првите идеи за теоријата на умот се појавиле во 70-тите години на XX век, кога бил откриен голем когнитивен скок кај децата на возраст од околу 4 години. Имено, теоријата на умот дошла како спонтан заклучок на експеримент што го спровел Сајмон Барон-Коен со неговите колеги истражувачи. Студијата опфатила неколку групи деца од различна возраст, дури и група деца со аутизам.

На децата кои биле интервјуирани им бил претставен скеч со кукли од партали, во кој куклата Сали ставила топка во корпата пред себе, по што таа го напуштила местото на настанот. Во нејзино отсуство, куклата Ана ја префрлила топката од корпата во кутијата пред неа. Откако го направила тоа, Сали повторно се појавила на сцената и децата биле прашани: „Каде Сали прво ќе ја бара топката?“.

Одговорот на повеќето деца под 4 години, како и одговорот на повеќето деца со аутизам, имплицирал дека Сали прво ќе погледне во кутијата пред Ана. Иако можеле да видат каде Сали ја оставила топката, децата не успеале да се стават во нејзината улога. Сепак, децата на возраст над 4 години можеле да ја разберат ситуацијата и да очекуваат Сали прво да ја побара топката во корпата каде што претходно ја оставила.

Теоријата сè уште не успева да одговори на прашањето зошто некои луѓе се подобро способни да ги проценат општествените односи од другите. За да може да се измери варијацијата во вештините, неопходни се различни истражувачки пристапи. Еден од можните пристапи е употребата на fMRI скенер, кој може да ни покаже кои делови од мозокот се активни при извршување на одредена ментална функција. Според мерењата на мозочната активност со помош на овој скенер, заклучено е дека пределот наречен темпоропариетален спој, кој се протега кон задниот дел на мозокот, е невообичаено важен токму за теоријата на умот. Имено, луѓето кај кои е оштетен овој дел од мозокот не успеваат да го решат Сали-Ана тестот.

На пример, програмерите од Технолошкиот институт Џорџија во Атланта успеале да развијат робот кој е способен успешно да реши низа слични ситуации како што е Сали-Ана тестот. Овој вид на проект е почеток на развојот на вештачката интелигенција, која ќе може да ги препознае мислите и намерите на слични предмети, па дури и луѓе.

Проучувањето на оваа теорија е заедничка активност на голем број научни дисциплини: од филозофија на умот и психологија до невронаука. Теоријата на умот е важна токму затоа што ни овозможува да предвидиме што некој друг би можел да мисли или направи во одредена ситуација, но и да ни помогне да ги објасниме социјалните и комуникациските нарушувања кои се јавуваат кај децата и луѓето со аутизам.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе