Терористот од Брисел е мртов, полицијата трага по уште едно лице

Макфакс
/ 17.10.2023 / 10:58

Терористот кој вчера го изврши нападот во Брисел е убиен утрово во полициска акција. Според белгиските медиуми, тој бил застрелан и ранет во кафуле, а починал во болница.

Државното обвинителство ги објави деталите за акцијата во која беше убиен терористот. Како што велат, тој мирно влегол во кафуле во Скарбек со својот калашников со кој синоќа уби двајца Швеѓани. Полицијата по неколку часа успеала да го фати и со еден истрел во градите го неутрализирала.

URL

„Има многу силни индиции дека тоа е извршителот на нападот“, се вели во соопштението. Следува анализа на отпечатоци од прсти кои дефинитивно ќе го потврдат идентитетот на убиениот.

URL

Како што соопштија од федералното обвинителство, во моментов се трага по уште едно лице. Сè уште не е јасно каква е поврзаноста на лицето со нападот.

Синоќа две лица загинаа, а едно е рането во пукање во Брисел, потврди за печатот портпаролот на белгискиот сојузен обвинител.

Двајцата убиени биле шведски навивачи. Тие ги носеле дресовите на шведската фудбалска репрезентација која синоќа играше против Белгија во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. Третиот ранет е исто така шведски државјанин, а не таксист како што беше објавено претходно. Тој е во тешка состојба во болница.

 
реклама

Свет

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Read more

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Read more

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Read more

Како изгледа сега воздушниот простор над Иран, Израел, Јордан и Ирак?

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе