Tesla Model 3 е најпродаваниот автомобил во Европа во септември

Не чекавме долго електричните автомобили целосно да имаат предност пред моделите на бензин и дизел. Така, во септември годинава во Европа се регистрирани 24.591 примероци од Tesla Model 3, а овој успех го следат и електричните модели на други марки.

Ова е прв пат во историјата електричен автомобил да биде најпродаван во Европа, но во исто време е и прв пат да биде автомобил произведен надвор од Европската Унија.

Tesla продаде 6.327 Model 3 единици повеќе од Renault Clio, кој беше втор најпродаван автомобил во Европа во текот на септември. Исто така, благодарение на интензивната продажна кампања на Tesla, Model 3 скокна од 17-тата позиција во месечната продажба на автомобили во август на 1. место во септември, каде што со 7.827 продадени единици единици стигна на дури 24.591. Model 3, исто така, забележа пораст од 58% во однос на продажбата во септември 2020 година.

Рангирањето на десетте најпродавани автомобили во Европа во септември годинава изгледа вака:

  1. Tesla Model 3
  2. Renault Clio
  3. Dacia Sandero
  4. Volkswagen Golf
  5. Fiat 500
  6. Vauxhall Corsa
  7. Peugeot 2008
  8. Hyundai Tucson
  9. Peugeot 208
  10. Renault Captur

Интересно е што овој раст на продажбата на електрични автомобили доаѓа и покрај недостатокот на микрочипови и воопшто испораката на нови автомобили.

Стимулациите за електрични возила преку владини грантови и субвенции, но и неодамна објавената стратегија Net Zero имаа позитивно влијание врз растечката популарност на електричните автомобили. Одлична вест особено за Tesla е нарачката од дури 100.000 автомобили направени од Hertz, компанија за изнајмување автомобили која се надева дека ќе ја електрифицира својата флота во Северна Америка.

Растечката продажба на електрични автомобили, заедно со владините напори, како што се забраната за продажба на нови мотори со внатрешно согорување од 2030 година и обидите на производителите да го декарбонизираат нивниот синџир на снабдување, укажуваат на постојана промена во фокусот на намалување на емисиите на стакленички гасови и целта транспортната индустрија да стане еколошки поприфатлива.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Авто новости

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Read more

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Read more

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more
 

Автомобили

Seat сепак нема да згасне: Кој е новиот план?

Читај повеќе

Volkswagen драстично ја менува стратегијата

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе