КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024

Тиквеш, Македонија ЃП и Воска изборија полуфинале во фудбалскиот куп

Филип Здравески
/ 08.11.2023 / 15:16

Денеска се одиграа четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија.

Бранителот на куп пехарот, екипата на Македонија ЃП, го совлада Силекс со минимални 1:0 со гол постигнат во средината од вториот дел и тоа од 17-годишниот Алтин Алији.

Најнеизвесно беше во Кавадарци каде Тиквеш и АП Брера Струмица полуфиналистот го одредија со помош на пенали. Струмичани поведоа во судиското надополнување од првиот дел благодарение на автоголот на Глигор Дончев, но кавадарчани брзо вратија преку Словенецот Гал Куреж во 52. минута.

Во пенал серијата имаше серија од четири промашувања која почна со Франко за Брера кога голманот Ариан Ренер одбрани, но потоа и Куреж промаши за домаќините откако шутна над голот. Сепак, Брера не успшеа да израмни бидејќи Марио Врдољак ја погоди пречката, а потоа Марко Алчевски го прочита Едиз Спахиу и Тиквеш испушти можност за два разлика. На крајот клучен беше пеналот на Мартин Ѓоргиевски кој беше одбранет од Ренер.

Воска Спорт испиша историја среде Штип каде успеа да ја исфрли Брегалница и за прв пат да дојде до полуфиналето. Домаќините од 48. минута беа со играч помалку откако младиот голман Кире Новаков беше исклучен. Потоа Ален Јашароски со мајсторски гол со глава ја донесе победата.

Дождот кој од ноќеска врне во Скопје ги направи уловите за игра лоши на и онака очајниот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, па дуелот помеѓу Работнички и Шкупи мораше да биде одложен.

ФФМ, во договор со двата клуба, одлучи натпреварот да се одигра утре на еден од терените во склоп на „Петар Милошевски“ тренинг центарот на ФФМ во Ново Лисиче и тоа без присуство на публика.

Стадион „Борис Трајковски“ во Скопје
Работнички - Шкупи одложен
Главен судија: Крумислав Ѓоргиев (Штип)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Силекс 1:0 (0:0)
Стрелци: 66' Алтин Алији
Црвен картон: 68' Марко Ѓорѓиевски (С)
Главен судија: Јован Качевски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница - Воска Спорт 0:1 (0:0)
Стрелци: 70' Ален Јашароски
Црвен картон: 48' Кире Новаков (Б)
Главен судија: Александар Ставрев (Скопје)

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш - АП Брера Струмица 1:1 (0:1); 6:5 пен.
Стрелци: 52' Гал Куреж - 45'+1 (аг) Глигор Дончев
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе